Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Денеска се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ=8

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во среда и во следните денови во попладневните часови на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот

Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер