Утрински Весник
Македонија

Сончево со магла по котлините и температури до 20 степени

Сончево со магла по котлините и температури до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер и со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини во утринските часови.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје и околината наутро ќе има слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Утре и во понеделник ќе преовладува стабилно време, со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини и речни долини во утринските часови.

Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

Можете да прочитате

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Филипче: СДСМ нема страв од никакви постапки, секој што го прекршил законот треба да одговара

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт