Утрински Весник
Македонија

Сончево со локална облачност, температурата до 25 степени

Сончево со локална облачност, температурата до 25 степени

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

400 извидници од цела држава го одбележаа Денот на извидниците во Кичево

Сообраќајна несреќа пред Веро Џамбо во Скопје

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот