Утрински Весник
Македонија

Сончево претпладне, но најави за пороен дожд и грмежи во попладневните часови

Сончево претпладне, но најави за пороен дожд и грмежи во попладневните часови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, a попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Можете да прочитате

Битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти

Возило удрило во жителка на кавадаречко Марена, прегазената е со тешки телесни повреди