Утрински Весник
Македонија

Сончево, попладне дожд и грмежи

Сончево и студено со слаб ветер

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 9, а максималната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од среда со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи, особено во попладневните часови. Дневните температури ќе бидат без значителна промена, а утринските ќе бидат над нулата.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип