Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло уште денеска, од утре се најавува влошување на времето

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Времето во текот на денешниот ден ќе биде претежно сончево и топло, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната од 24 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Можете да прочитате

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите

Кој ги кочи предметите? Тасева и Салаи со сериозни обвинувања