Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со свежи утра

Сончево и топло со свежи утра

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Од денеска во земјава следува период на стабилно и претежно сончево и сè потопло време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткорајно ќе засилува. Утрото ќе биде студено и минималната температура ќе се движи од минус 4 до 5, додека дневната ќе се искачи од 8 до 20 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до нула и дневна до 18 степени.

Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над 20 степени. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје