Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со локална облачност и температури до 38 степени

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови според најавите од УХМР, следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Можете да прочитате

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице