Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне и вечер пороен дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне и вечер пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во вечерните часови во делови од Скопската котлина ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Дали ДУИ ќе бара пребројување на гласовите на секој приговор со новиот законик?

На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, а на „Богородица“ 40 минути

Независните кандидати наместо од еден , треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа денес во Собрание