Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умарена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините