Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 38 степени

Сончево и топло до 38 степени
Dik 300x250 mk

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.

До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи