Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 32 степена

Сончево и топло до 32 степена

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, дневната од 24 до 32 степени, а УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во сабота ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, ветер претежно од северозападен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње