Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 19 степени

Сончево и топло до 19 степени
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 февраури 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени.

Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали. са/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово