Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до среда, од четврток нови врнежи

Сончево со температура до 13 степени

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе преовладува уште два дена, а од среда се очекува зголемување на облачноста. Под влијание на нов влажен бран во четврток се најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува сончево и ведро време со ниски утрински температури кои ќе се движат од -6 до -1 степен. Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 19 степени. бак/мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

АХВ контра кочанскиот градоначалник по видеото со пицеријата