Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени, јави УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.