Утрински Весник
Македонија

Сончево и релативно топло време во Македонија

Сончево и ветровито со температура до 31 степен

Утрово преовладува сончево време, на крајниот југоисток има зголемена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица