Утрински Весник
Македонија

Сончево и ветровито, од вечер дожд

Сончево и ветровито, од вечер дожд

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Сончево и топло време со умерена на места значителна облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигне брзина од над 70 километри на час.

Во вечерните часови ќе се зголемува облачноста. Во западните делови ќе има локален дожд, а на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време со повремено засилен ветер од јужен правец и максимална температура до 19 степени.

Утриново најстудено е во Берово каде се измерени -2 степена и во Струмица -1 степен, додека во останатите градови во државата утринските температури се над нулата. Најтопло е во Демир Капија каде се измерени девет степени. бак/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?