Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сончево, до крајот на денот нестабилно со краткотраен дожд и грмежи

Сончево, до крајот на денот нестабилно со краткотраен дожд и грмежи
Img 7972

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнево ветровито со умерен, а во горниот дел на Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Крушевското подрачје е нестабилно со пороен дожд и грмежи.

До крајот на денот ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Особено вдолж Повардарието ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, што на места ќе се задржи и во текот на ноќта.

Утре се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степена.

Можете да прочитате

До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија

Презентација на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“

ДУИ: Опсесијата на Мицкоски за елиминација на ДУИ ќе пропадне