Утрински Весник
Македонија

Сончево време со умерен ветер и температури до 16 степени

Сончево време со умерен ветер и температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата, а најстудено ќе биде во вторник наутро. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ