Утрински Весник
Македонија

Сончево време со тепература до 27 степени

Времето утре ќе биде сончево со температура до 36 степени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи.

Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје