Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температури до 38 степени

Сончево време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 степени.

Од понеделник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури, кои на југоистокот повторно ќе надминат 40 степени.

Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи ќе има во среда попладне.

Можете да прочитате

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план!

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не ми вратија“, низ смеа вели екс премиерот!