Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

До среда ќе се задржи многу топло време. Во среда попладне и во четврток во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје