Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во наредниот период следува стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата