Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во понеделник во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор