Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

В петок попладне ќе има зголемување на облачноста и на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за локален дожд ќе има и в сабота.

Можете да прочитате

Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: Возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците

Полицијата ги лиши од слобода лицата кои вчера ја попречуваа работата на полицијата во Крива Паланка