Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени, јави УХМР.

Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток претпладне ќе има краткотрајно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во петок преку денот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии