Утрински Весник
Спорт

Солскјер ќе добие нов договор и „значителен“ буџет за засилувања ова лето

Солскјер ќе добие нов договор и „значителен“ буџет за засилувања ова лето
Dik 300x250 mk

И покрај тоа што на крајот сезоната ја завршија без трофеј, Манчестер јунајтед ќе го наградат Оле Гунар Солскјер со подобрен нов договор и значителни средства за трансфери ова лето, јавуваат британските медиуми.

Сезоната која заврши вчера со поразот на пенали од Вилјареал во финалето на Лига Европа, не беше блескава за „ѓаволите“, иако според „Телеграф“, газдите на Јунајтед имаат целосна доверба во Солскјер и ќе го наградат со тригодишно продолжување на договорот, кој инаку му завршуваше на крајот на 2022.

Тие се сигурни дека 48-годишниот Солскјер и покрај непостојаноста во играта на Јунајтед, е вистинскиот човек кој треба да ги предизвика Манчестер сити, но дека за тоа му се потребни засилувања.

Според сите прогнози, на Јунајтед му е потребен еден напаѓач, еден централн дефанзивец и еден фудбалер од средниот ред, а листата на потенцијални трансфери е огромна.

> Солскјер ќе добие нов договор и „значителен“ буџет за засилувања ова лето <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата