Утрински Весник
Спорт

Солскјер согласен за воведувањето на пет замени во натпреварите во Премиер лигата

Солскјер: Теренот на АЗ Алкмар е еден од најлошите кои сум ги видел
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 6 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја поддржа идејата за воведување можност за користење до пет замени во натпреварите од шампионатот во Англија 2019/20 година по нејзиното продолжување, поради паузата поврзана со пандемијата на коронавирус.

– Се надевам дека сите наши повредени фудбалери ќе бидат подготвени за првиот меч по пауза. Паузата беше предолга, па не сум сигурен дека сите играчи ќе можат да минат 90 минути на теренот. Сега правилата се променети, можеме да направиме до пет замени. Мислам дека ова ќе помогне, затоа што е тешко за играчите да играат по таквата пауза. Може да се појават повреди или проблеми со формата, изјави Солскјер за Индепендент.

Продолжувањето на првенството на Англија е закажано за 17 јуни. Првиот натпревар Манчестер јунајтед ќе го одигра својот терен против Тотенхем, на 19 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место