Утрински Весник
Спорт

Солскјер: Преценет голман? Де Хеа е најдобриот во целиот свет

Де Хеа е трагичарот на Манчестер јунајтед

Манчестер, 23 јуни 2020 (МИА) – Критикуваниот во последно време голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, сепак е најдобриот на светот на својата позиција – или барем така мисли менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер.

Де Хеа беше остро нападнат од Рој Кин за неговиот настап во ремито со Тотенхем 1:1 во петокот, кога поранешниот капитен на тимот изјави дека „му е преку глава“ од „најпреценетиот голман на Манчестер Јунајтед“.

Гери Невил неодамна зборуваше за тоа како падот на формата на Шпанецот е сериозен, бидејќи шпекулациите со голамнот кој игра на позајмица во Шефилд Јунајтед – Дин Хендерсон се зголемуваат во последните неколку недели.

Како и да е, Солскјер не се сомнева дека Де Хеа ќе ја врати својата најдобра форма и не смета дека има друг голман на светот кој е на негово ниво.

– Давид е најдобриот голман на светот. Тој дозволи два гола на последните седум натпревари, во кои бранеше за нас. Има два натпревари против Сити, Челси, се разбира, Тотенхем, Евертон – два гола на седум натпревари, бевме во серија од суви мрежи. Голот против Евертон веројатно е грешка. Немаше начин да спаси против Тотенхем. Тој прави одлични одбрани, победува натпревари за нас и јас сепак мислам дека тој е најдобриот голман на светот. Давид навистина цврсот работи. Тој не прави грешки што се случуваат одново и одново. Тој е конзистентен во тренинзите и јас сум многу задоволен од неговата работа, изјави Норвежанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига