Менаџерот на Манчестер сити, Оле Гунар Солскјер потврди дека Алексис Санчез се приклучува на Интер со постојан трансфер, откако минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во италијанскиот клуб, и сега на задоволство на двата тима трансферот е постојан.
Солскјер го потврди ова по мечот со ЛАСК Линц во Лига Европа.
„Тоа ќе се објави, така што можам да потврдам дека имаме договор. Алексис уживаше таму и тоа е добар трансфер за него. Му посакуваме најдобро бидејќи е врвен фудбалер кој треба да игра добар фудбал. Поради некои причини не го видовме тоа во нашиот тим, но тој е професионалец и затоа му посакувам најдобро“, вели Солскјер.
И Антонио Конте по мечот на Интер со Хетафе изјави дека е задоволен од трансферот.
„Мислам дека тоа е добар потег на клубот. Навистина добар трансфер. Тој дојде кај нас во најлошиот момент во кариерата по две тешки години и потоа се повреди. Но, го вративме на вистински пат и исправно е Интер да го добие во најдобра форма“, изјави Конте.
> Солскјер потврди дека Санчез стана фудбалер на Интер <