Утрински Весник
Спорт

Солскјер и Тухел со кадровски проблеми пред меѓусебниот дуел

Солскјер и Тухел со кадровски проблеми пред меѓусебниот дуел

Манчестер Јунајтед вечерва од 21 часот ќе гостува во Париз кај ПСЖ, во рамките на првото коло во Х-групата во Лигата на шампионите.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оел Гунар Солскјер, за овој меч нема да може да смета на услугите на Мејсон Гринвид, Хари Мегваер, Џеси Лингард, Ерик Баи и Единсон Кавани.

Најголемото засилување во пеодниот рок, Кавани, не бил доволно подготвен за натпреварот со поранешниот тим. Уругваецот неодамна започна со тренинзите бидејќи кога пристигна во Англија мораше 14 дена да биде во изолација.

Мегваер, Гринвуд и Баи имаат полесни повреди и тиа како и Кавани треба да бидат подготвени за дуелот со Челси наредниот викенд.

Проблеми со составувањето на тимот има и ПСЖ. Тренерот Томас Тухел не може да смета на повредените Мауро Икарди, Марко Верати, Леандро Паредес, Тило Керер и Хуан Бернат.

> Солскјер и Тухел со кадровски проблеми пред меѓусебниот дуел <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра