Манчестер јунајтед ја продолжија соработката со менаџерот, Оле Гунар Солскјер. Челниците на Јунајтед имаат целосна доверба во менаџерот, поради што му понудија дополнителна соработка.
Солксјер се обврза да остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2024 година.
„Сите знаат колку го сакам овој клуб, воодушевен сум со новиот договор. Изградивме добра тим, направивме баланс помеѓу младите и искусните играчи. Подготвени сме да направиме исчекор. Јунајтед сака да освојува трофеи. Напредувавме, со нетрпение го чекам почетокот на новата сезона“, рекол Солскјер.
Солскјер е тренер на Јунајтед од декември 2018 година, претходно работеше во Кардиф и Молде.
Our past. Our present. ??? ??????.
✍?? We are delighted to announce that Ole has signed a new deal with the club! #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) July 24, 2021
> Солскјер го продолжи договорот со Манчестер јунајтед <