Утрински Весник
Свет
Img 7972

Сокриле камера во пренослив фрижидер и снимале голи деца во камп во Ровињ

300x250 opst2

Полициски службеници привеле двајца германски државјани кои со рачно изработена камера снимaле голи деца во камп во месноста Ровињ, соопшти истарската полиција.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, полицијата истражувала двајца германски државјани, на возраст од 48 и 79 години, поради сомнение дека сториле кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Во саботата гостите на кампот во околината на Ровињ го забележале сомнителното однесување на двајцата мажи и веднаш го известиле обезбедувањето кое повикало полиција, се вели во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, тие снимале голи деца на базен и пловечки воден парк, а по наредба на надлежен суд извршен е претрес во нивното возило и мобилниот дом во кој престојувале. При претресот, полициските службеници пронашле и одзеле рачно изработен апарат за снимање, лаптоп, камера, МП3 плеер, четири мобилни телефони, седум УСБ стикови и други предмети.

Во текот на истрагата било утврдено дека двајцата мажи ставиле рачно изработен уред за снимање во торба која личела на пренослив фрижидер и на тој начин ги снимале децата.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД