Утрински Весник
Свет

Советот на рускиот парламент свика вонредна седница

Dik 300x250 mk

Долниот дом на рускиот парламент ќе одржи вонредна седница на 15 јули, одлучи советот на парламентот, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека се уште не почнал сериозно да се занимава со војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Путин ја искористи средбата во четвртокот со парламентарните лидери за да ги предизвика САД и нивните сојузници да се обидат да ја поразат Русија во Украина. Сите му се заблагодарија на Путин за неговите одлуки. Рускиот парламент, во кој доминира партија која секогаш го поддржува Путин, не откри за што ќе се разговара на вонредната седница.

Владимир Василјев, претседател на партијата Единствена Русија, која има 325 од вкупно 450 места во парламентот, рече дека претставниците на седницата ќе разговараат за повеќе од 60 прашања.

„ Неопходно е процесите, кои се одвиваат сега, да добијат правен одговор“, рече Василиев.

„ Советот расправаше за дневниот ред на 15 јули: планираме да разгледаме нешто повеќе од 60 прашања“, рече Василиев. Комунистичката партија најави дека ќе се расправа за повеќе од 80 предлог закони.

Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, во четвртокот му рече на Путин дека рускиот парламент ќе им помогне на двете отцепени, самопрогласени републики во источна Украина да ги развијат своите правни системи. Путин вели дека „специјалната воена операција“ во Украина е неопходна бидејќи Москва мора да ги брани руските говорители од прогон и го обвинува Западот дека го игнорира.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина