Утрински Весник
Македонија

Советот на Прилеп ќе носи одлука за откажување на карневалот „Прочка 2020“

Советот на Прилеп ќе носи одлука за откажување на карневалот „Прочка 2020“

Прилеп, 28 февруари 2020 (МИА) – Во Прилеп за денеска напладне е закажана итна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – донесување одлука за откажување на 19-иот меѓународен карневал „Прочка 2020“.

Ова е превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.

Со одлуката ќе значи дека се откажуваат сите тридневни карневалски организациски активности: денешната изложба на маски, утрешниот детски и големото карневалско дефиле што требаше да се одржи в недела.ем/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик