Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Советот на Општина Тетово одобори средства за рехабилитација на патот до депонијата Русино

Советот на Општина Тетово одобори средства за рехабилитација на патот до депонијата Русино
300x250 opst2

Тетово, 27 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Тетово на денешната седница едногласно изгласа одлука со која локалната самоуправа ќе оддели средства од буџетот за рехабилитација на локален пат од село Сушица, Гостиварско до депонијата Русино.

-Општина Тетово како дел од Полошки плански регион во рамки на проектот за регионално управување со отпадот преку депонијата Русино има обврска заеднички со другите општини да го кофинансира проектот за рехабилитација на патот. Тетово одвојува 2.200.000 денари, додека од Бирото за регионален развој се предвидени 16.900.000 денари, изјави претседателот на Советот, Беким Мемети.

Советниците изгласаа измена на правилникот за начинот и условите на паркирањето во Тетово. Ќе има зимско и летно работно време.

-Зонското паркирање во период од 1 мај до 30 септември ќе биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 14. Во зимското работно време зонското паркирање ќе се одвива од 7 до 21 часот, а во сабота исто до 14. Во недела и на празницит нема да се наплаќа и понатаму како и досега, рече Мемети.

Советот донесе и одлука за утврдување на висината на надоместокот за поставување реклами, натписи и користење јавни површини. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Загина 26-годишник од гостиварско Форино, со возилото излетал од патот

Соседска расправија за канта за ѓубре во Виена заврши со тепачка, закани со нож и апсење на државјанин на Македонија

Приведени лихвар и неговата сопруга од Неготино, физички нападнале должник и двајца полициски службеници