Утрински Весник
Македонија

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи седница

Град Скопје го проектираше буџетот за 2020-та, најголем раст во комуналниот сектор

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Советот на Град Скопје денеска преку конференциска врска ќе ја одржи 52-та седница, на која ќе се дискутира за повеќе одлуки и извештаи.

Како што соопштија градските власти, на денешната седница Советот ќе расправа за Извештајот за остварени финансиски резултати од работењето на ЈП депонија Дрисла – Скопје за период јануари – март 2020 година, како и за одлуката за давање согласност на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје, на ЈП Лајка – Скопје, за 2020 година.

-На седницата Советот ќе расправа и за Предлог-Одлуката за изменување на Одлуката за уредување на начинот на плаќање на продадениот удел на Градот Скопје во изградбата на Повеќенаменска спортска сала Борис Трајковски. Со оваа одлука се надополнува постојната одлука и предвидената динамика за исплаќање, односно ратата за 2020 година се одложува поради новонастанатата состојба предизвикана од светската пандемија од Ковид 19, а истата ќе продолжи со исплата на ратите од наредната 2021 година, соопшти Град Скопје.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за целосна реконструкција на улици во Нерези во Општина Карпош.

Како што информираат од Град Скопје, станува збор за одлука со која ќе се обезбедат финансиски средства за реконструкција на неколку улици околу муслиманските гробишта во населбата Нерези, поточно за реконструкција и проширување на улицата кон гробиштата, како и улиците десно и лево од гробиштата. Сумата за овие градежни зафати е проценета на околу 5 милиони денари, а со оваа одлука Град Скопје ќе учествува во реализацијата на овој проект со износ од 3.500.000,00 денари без ДДВ. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина