Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Советот на амбасадори ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми одреден број лица од Авганистан

Советот на амбасадори ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми одреден број лица од Авганистан
Img 7972

Следејќи ги најновите настани во Авганистан, здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори„ жали што по дваесет години вложен труд, вложени финансии во здравство, образование, култура, социјална политика и економски развој од страна на меѓународната заедница, со повторното враќање на власт на Талибанците, животот во оваа земја се враќа повторно на почеток.

Советот го изразува исто така своето жалење што и покрај големите усилби што ги вложи во текот на овие поминати 20 години за изградба на економско , социјално, културно и образовано развиено авганистанско општесво, меѓународната заедница не успеа во нејзините намери и нејзината платформа не ги даде очекуваните резултати.

„Советот на Амбасадори ги цени напорите што ги прави Министерството за надворешни и нејзиниот министер за враќањето во земјата на нашите граѓани кои по разни основи се наоѓаат во Авганистан. Исто така ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми во Република Северна Македонија одреден број лица вработени во меѓународни организации, потоа на жени и деца од Авганистан на кои животот може да им биде загрозен од талибанските власти“, е напишано во соопштението.

Во него се додава дека граѓаните на земјата многу пати досега ги изразиле нивните чувства за солидарност и помош на сите народи во светот кои од разни причини имале и имаат потреба за помош.

Тоа исто така претставува исполнување на обврска што Владата ја има кон НАТО, САД и ЕУ како наши досегашни силни поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации и интеграции како и кон меѓународната заедница во целина, потсетува Советот на амбасадори.

Можете да прочитате

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои најавувале контроли во кочанската дискотека „Пулс“

ВЛЕН: „АС Сењак”, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

(Фото) Опасно возење во Скопје – возач со 3 промили алкохол уапсен