Утрински Весник
Македонија

Советот за реформа на јавната администрација одржа седница за реорганизацијата на државните органи

Советот за реформа на јавната администрација одржа седница за реорганизацијата на државните органи

Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА), со кој претседава премиерот Зоран Заев, ја одржа осмата редовна седница. На седницата покрај членовите на Советот, присуствуваа и останатите министри во Владата, пред кои беа презентирани клучните постигнувања на ИПА 2 Проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од страна на Европската Унија.

Како што подвлече премиерот Заев, реорганизацијата на државните органи е една од клучните реформи за подобрување на јавната администрација, реорганизација е еден од стратешките приоритети на реформата на јавната администрација, нагласен и во Програмата на Владата. Оваа операција е нешто што историски, за првпат се прави во нашата држава. Поставувањето на јасни линии на отчетност, спојувањето на институции со исти надлежности и намалувањето на нивниот бројот на институции ќе придонесе кон зголемување на професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.

Целта на овој проект е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавните услуги и да ги унапреди етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.

Клучните постигнувања во рамки на проектот, како и следните чекори за кои е неопходна институционална поддршка, но и поширок општествен консензус ги презентираа Слаѓана Тасева, тим лидерот на проектот, Александар Антоновс, клучен експерт и проф. д-р. Искра Аќимовска Малетиќ, сениор експерт.

Експертите истакнаа дека глобална цел е институционална реорганизација и оптимизација усогласена со заложбите во рамки на буџетските реформи и намалување на бројот на буџетски корисници.

На состанокот, експертите ја презентираа потребата од измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и првичните согледувања за идната државна организација, базирани на досега остварената соработка со институциите.

Премиерот Заев ги задолжи министерствата да ја унапредат внатрешната комуникација со органите во состав, а посебно со агенциите и инспекторатите од областите во нивна надлежност. Исто така ги задолжи, да ја продолжат воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“, во функција на навремено развивање на предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво.

Дополнително, на состанокот се обрати и Фрек Јанмат, од Делегацијата на Европската Унија. Тој ги потврди нивните заложби за успешна реализација на овој проект и ја потенцираше важноста од посветеноста не само на Владата, туку и на Собранието во овој значаен процес од реформата на јавната администрација.

Присутните министри, едногласно се согласија дека е неопходна нивна активна вклученост, ги поздравија досега реализираните активности и дадоа предлози за следните планирани чекори.

На седницата на Советот на РЈА, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, го презентираше нацртот на Вториот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 со Акциски план за 2019 година. Советот го усвои извештајот и истиот ќе биде објавен на веб страницата на МИОА.

Поради важноста на процесот, одлучено беше до крајот на следната недела да се одржи продолжение на седницата, на која ќе се донесат заклучоци за следните чекори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!