Утрински Весник
Свет

Советот за безбедност на ОН расправа за верификација на примирјето во Нагорно-Карабах

Советот за безбедност на ОН расправа за верификација на примирјето во Нагорно-Карабах

Советот за безбедност на ОН дискутираше за потребата да се обезбеди верификација на прекинот на огнот во Нагорно-Карабах, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, во понеделникот пред затворениот состанок за спорниот регион, пренесува ТАСС.

„ Има потреба од верификација на прекин на огнот, мислам дека тоа е најгорливото прашање сега бидејќи иако е постигнат договор за прекин на огнот, тој не беше почитуван. Главното прашање е како да се потврди прекинот на огнот, кој се крши “, рече Небензја, кој претседава со Советот за безбедност на ОН овој месец.

Според Небензја, имало извештаи дека рускиот министер за одбрана разговарал со своите ерменски и азербејџански колеги како да се спроведе овој механизам за верификација.

„ Ова прашање беше отворено, се разбира, на консултациите и СБ беше прилично во ставовите“, рече дипломатот.

Во меѓувреме, тој објасни дека ќе биде потребен посебен мандат на СБ за испраќање набљудувачка мисија на ОН во регионот.

„Тоа не е лесна и брза работа“, рече тој.

Рускиот амбасадор не исклучи дека процесот на верификација може да го спроведе ОБСЕ, која го води договоро.

„Кој ќе биде таму и во кое својство, за да провери – тоа е сепак прашање за кое се дискутира,“ рече тој.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември, со интензивни битки во спорниот регион Нагорно-Карабах. Областа доживеа разгорување на насилството летото 2014 година, во април 2016 година и минатиот јули. Азербејџан и Ерменија воведоа воена состојба и започнаа со мобилизација. Двете страни во конфликтот пријавија жртви, меѓу нив и цивили.

Како резултат на консултациите иницирани од Русија во Москва, Баку и Ереван се согласија да прекинат со огнот на 10 октомври за хуманитарни цели за размена на воените затвореници и мртвите. Сепак, примирјето подоцна беше прекршено.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но мнозински населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година откако автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската социјалистичка република Азербејџан.

Во 1992-1994 година, тензиите зовриваа и експлодираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно Карабах траат од 1992 година под Групата Минск на ОБСЕ, предводена од тројцата копретседатели – Русија, Франција и САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња