Утрински Весник
Македонија

Советот за безбедност в сабота ќе одлучува за вонредната состојба

Вонредната состојба до сабота, се прават проценки дали ќе има продолжување

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Советот за безбедност в сабота напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба, потврдија за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Пендаровски ќе го свика Советот за безбедност в сабота, без огледед дали ќе има ново барање од Владата за продолжување на вонредната состојба.

Премиерот Спасовски изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејствија кои беа прекинати поради пандемијата, и во рок од 22 дена да се одржата парламентарните избори.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времтраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост. са/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со порака: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години