Утрински Весник
Политички Партии

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вети враќање на стариот сјај на езерото Треска, а Скопје доби затворање на езерото

Treska20ezero (custom)

„Пред почетокот на мандатот Петре Шилегов јавно на прес конференција вети возобновување на езерото Треска. 3 години потоа се затвора езерото Треска и тоа замира.Додека во Матка растат дивите платформи, Треска изградена со парите на скопјани целосно се руинира. Вистинското прашање е чиви бизнис интереси стојат зад затворањето на езерото Треска?“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, наместо црвена лента за возобновување езерото доби катанец.

„Ова е доказ за неспособноста и криминогеноста на градоначалникот Шилегов. Тој самиот ветуваше чуда и возобновување, сега сето тоа го заборави и тргна во заштита на бизнис интереси. Шилегов да не се правда дека градот нема надлежности, тоа требаше да го знае уште кога ветуваше на скопјани чуда од езерото. Сега се случува распаѓање на езерото за да тоа припадне на бизнис моќници на власта“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт