Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов капитулираше пред комарците

Бил Гејтс: Ковид-19 не го сопре најсмртоносното животно во светот
300x250 opst2

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги остави на немилост скопјани на комарците среде лето. Скопје има градоначалник чија опасна неспособност го загрозува здравјето на скопјани. Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање против комарци се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов, соопшти
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Според нив, не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго.

„Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник. Комарците среде се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача. Тоа покажува и дека Скопје има градоначалник популист и површен политичар кој го довлекува вниманието од вистинските теми важни за скопјани“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник