Утрински Весник
Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара итна расправа за правата на пожарникарите

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: „Не“ за депонија на хаварисани возила во Драчево

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара на денешната седница на Советот во град Скопје да се расправа како вонредна точка за состојбата и правата на пожарникарите од противпожарната единица на градот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пожарникарите не го добиваат надоместокот за опасност при работа иако имаат право на тоа и е законска обврска на Градот.

„Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа  имаат и одлука на судот дека им припаѓа“, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата. Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност. За него темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година