Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Советниците на „Левица“ во Град Скопје побараа ревизија во „Водовод“, ЈСП и „Лајка“

Советниците на „Левица“ во Град Скопје побараа ревизија во „Водовод“, ЈСП и „Лајка“
Img 7972

Советниците на „Левица“ во Град Скопје поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во ЈП Водовод и канализација, ЈСП Скопје и ЈП Лајка.

Од партијата велат дека главните причини за поднесување на ова барање се обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, и бројните индиции за нерегуларност во досегашното работење.

„ Бројните индиции за нерегуларност во работењето на овие јавни претпријатија и последните финансиски извештаи кои укажуваат на неефикасно и нерентабилно трошење, и секако обезбедување на објективна и реална оценка за тековните состојби и за ефикасноста на работењето на јавните претпријатија, се главните причини за поднесување на ова барање на советниците на Левица. Последните ревизорски извештаи за овие ЈП од страна на Државниот завод за ревизија датираат од 2015 година, додека ЈП Лајка не постои во базата на сајтот на ДЗР, ниту е познато дали за него досега има направено ревизија. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија“ изјави Антонио Димитров, советник во Град Скопје.

Можете да прочитате

Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми