Утрински Весник
Свет

Советникот на Ангела Меркел почина две недели откако стана амбасадор во Кина

Советникот на Ангела Меркел почина две недели откако стана амбасадор во Кина

Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер почина само две недели по преземањето на функцијата, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

Хекер (54), кој претходно беше советник на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата во амбасадата во кинеската престолнина на 24 август. Причината за неговата смрт не е објавена, пренесува „Ројтерс“.

„ Со длабока тага и изненадување, ја примивме веста за ненадејната смрт на германскиот амбасадор во Кина“, се вели во соопштението на германското министерство.

Хекер во петокот во својот дом беше домаќин на настан посветен на германскиот уметник Јозеф Бојс, и, според зборовите на еден од гостите, изгледал „среќен и здрав“.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија