Утрински Весник
Македонија

Совесни граѓани контра вандалите во Делчево

Совесни граѓани контра вандалите во Делчево

Делчево, 26 февруари 2020 (МИА) – Новопоставените сообраќајните огледала на патниот правец Делечево – Голак кои се задолжителни на местата со свиоци, не издржаа повеќе од месец дена. Уништувајки дел од огледалата, вандалите предизвикаа дел од совесните граѓани да се самоорганизираат и денес отстранетета сообраќајна сигнализација да ја вратат на местото кое е наменето за основната нивна намена. Порачаа несовесните да не го повторуваат ваквиот вандалски чин, бидејки на тој начин и самите преку граѓанскиот буџет плаќаат за штетата.
-По вандалскиот чин, јас и мојот другар решивме да го ставиме пак во функција огледалото кое беше срушено на земја. Се надеваме дека во иднина вандалите ќе се однесуваат совесно и нема да ги кршат сообраќајните знаци, како на планината Голак, така и на сите патишта, порачаа делчевците Мијалче Илиевски и Борче Стојковски.
Случајот е пријавен до надлежните, од каде велат дека ова не е прв пат да се уништува сообраќајна сигнализација.
-Во неколку наврати до нас пристигна пријава за оштетување на сообраќајните налепници кои се поставени на околните столпчиња, кои несовесните најверојатно ги користат за нивните моторни возила и механизација, велат надлежните.
Контролите ќе бидат зајакнати, додадоа и најавија парична каза за сторителите кои ќе бидат затекнати на лице место како уништуваат јавен имот. вс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер