Жосеп Бартомеу би можело пред крајот на мандатот да престане да ја извршува претседателската функција во Барселона затоа што се собрани доволен број потписи за да се дискутира за негова смена, пишува „Марка“.
16.521 потпис е собран со кој се вели дека исто толку луѓе немаат доверба во начинот на кој Бартомеу го води клубот, а наскоро се очекува и официјална објава на сето тоа.
На тој начин, Бартомеу би станал третиот претседател на клубот во 100-годишната историја против кого е изгласана недоверба. Сепак за тој да биде срушен од функцијата поребно е двотретинско мнозинство гласови.
Навивачите и дел од луѓето во клубот сметаат дека токму Бартомеу е главниот виновник за негативните резултати во последниот период, поконкретно во минатата сезона во која Барса не освои ниту еден трофеј, а притоа загуби во четвртфиналето на ЛШ од Баерн со превисоки 8-2.
Лео Меси набрзо потоа побара да си замине од клубот, но на крајот остана на „Ноу Камп“ затоа што неговата откупна клаузула изнесува 700 милиони евра.
> Собрани се над 16.000 потписи за рушење на Бартомеу во Барселона <