Утрински Весник
Македонија

Собранието од 1 септември ќе продолжи со незавршените седници, а нова пленарна ќе биде свикана за две недели

Собранието од 1 септември ќе продолжи со незавршените седници, а нова пленарна ќе биде свикана за две недели
Dik 300x250 mk

Денеска во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав.

На средбата беше договорено, оваа недела, односно на 1 септември, Собранието да  продолжи со преостанатите, незавршени седници. Следната нова пленарна седница, претседателот Талат Џафери ќе ја свика на 14 септември.

Џафери замоли да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат