Утрински Весник
Македонија

Собранието за денеска закажа уште една седница

Собранието за денеска закажа уште една седница

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – За денеска попладнево во 17 часот во Собранието е закажано продолжение на собраниската седница на чиј дневен ред, меѓудругите, се и измените и дополнувањата на Законот за одбрана.

На седницата, освен овој закон, на дневен ред има уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

За донесување на измените и дополнувањата на Законот за одбрана треба да биде обезбедено двотретинско мнозинство.

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите е и дополнетиот предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители. сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Левица станува СДСМ – СДСМ станува Левица

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба

СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата